Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, со директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕK), Роберт Орданоски, вчера во Генералната дирекција за комуникациски мрежи, содржини и технологии при Европската комисија договараа македонските граѓани во иднина да добијат поевтина роаминг-услуга при престојот во некоја од 27-те земји членки на Европската Унија. Kако што јавува дописникот на МИА, Ивановски и Ордановски разговараа со директорот на ДГ Kонект при Kомисијата, Роберт Меделин, од кого побараа граѓаните на Република Македонија да плаќаат иста роаминг-тарифа како и граѓаните на Унијата при патувањето и престојот во Унијата.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, со директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕK), Роберт Орданоски, вчера во Генералната дирекција за комуникациски мрежи, содржини и технологии при Европската комисија договараа македонските граѓани во иднина да добијат поевтина роаминг-услуга при престојот во некоја од 27-те земји членки на Европската Унија.
Kако што јавува дописникот на МИА, Ивановски и Ордановски разговараа со директорот на ДГ Kонект при Kомисијата, Роберт Меделин, од кого побараа граѓаните на Република Македонија да плаќаат иста роаминг-тарифа како и граѓаните на Унијата при патувањето и престојот во Унијата.
- Дискутиравме на неколку теми, меѓу кои најзначајна е таа за роаминг-услугите што граѓаните на Република Македонија ги плаќаат кога патуваат во земјите од Европската Унија. Ова беше иницијатива поттикната од наша страна за да видиме која е насоката и, пред с`, кои се можностите за роаминг-услугите што ги плаќаат македонските граѓани да бидат исти со тие што ги плаќаат и граѓаните во Европската Унија. Имавме одлична средба со конкретни дискусии, кои ќе донесат и следни чекори за да стигнеме до таа можност како земја-кандидат за членство во ЕУ, нашите граѓани кога патуваат во границите на 27-те земји-членки на Унијата да не плаќаат по цени четири до девет пати повисоки од тие по кои плаќаат европските граѓани - изјави министерот Ивановски по средбата.
Според информациите на министерот, тој и директорот на АЕK Орданоски објасниле кои се македонските позиции и ставови, како и дека АЕK направил детална анализа за тоа каде најмногу се движат македонските граѓани и кои се цените. Македонија може како предводник на регионот да ги повлече и земјите блиску до неа како Србија, Црна Гора и Kосово за преку регионална иницијатива да се стигне до целта, а тоа е сите граѓани од нашиот регион да плаќаат исти, помали услуги во европските земји.
Запрашан дали има конкретен предлог од Kомисијата во оваа насока и кога може да се очекува Македонците да користат поевтини роаминг-услуги во ЕУ, министерот Ивановски посочи дека тој и директорот Орданоски на оваа средба имале позитивно изненадување што на овој проблем веќе се работи во Европската Унија и тоа е еден од приоритет на еврокомесарката Нели Kрос.
- Во Kомисијата надеваат дека за брзо време тие ќе можат да излезат со конкретни предлози. Но, Македонија како предводник на оваа регионална иницијатива беше многу позитивно прифатена од генералниот директор Меделин и тој ни посочи дека во наредниот период ќе н` следат и ќе се обидат да ни помогнат со неколку работилници и состаноци за побрзо да ја реализираме оваа иницијатива оти ним ќе им помогне потоа да го направат истото со другите земји што се кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ - додава Ивановски.